понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико одбиле 150 милиони за Феликс од клуб од Премиер лигата

Атлетико одбиле 150 милиони за Феликс од клуб од Премиер лигата

Атлетико Мадрид ја одби понудата од 150 милиони евра од клуб од Премиер лигата за Жоао Феликс. Според goal.com, ова се случило пред пандемијата на КОВИД-19. Одговорот на „јорганџиите“ бил моментален.

Португалецот беше привлечен во Атлетико минатото лето кога клубот од шпанската престолнина и плати на Бенфика 126 милиони евра за него.

Феликс не успеа да ги покаже своите можности со екипата од Мадрид досега. Од почетокот на сезоната тој има осум гола и три асистенции на 29 одиграни натпревари за Атлетико, а повредите на глуждот исто така го спречија.

Во првиот натпревар по продолжението на сезоната, Феликс настапи импресивно, постигнувајќи два гола во победата од 5:0 над Осасуна.