среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Азар и Куртоа демантираа: Ни измислија приказни,се е како треба

Азар и Куртоа демантираа: Ни измислија приказни,се е како треба

Поради овие шпекулации и пишувања, Белгијците свикаа вонредна конференција за медиумите на која се обратија Еден Азар и Тибо Куртоа. Двете ѕвезди на белгиската репрезентација ги негираа гласините и најавија дека се размислува само за победа над Хрватска.

„Ништо така големо не се случи по дуелот со Мароко. Имавме добар разговор на кој си кажавме сè. Сега сакаме да ја победиме Хрватска. Имаме два дена да се подготвиме, се договоривме дека мора да играме подобро. Очекувањата беа големи, а ние не покажавме добра игра, ќе се потрудиме да се подобриме. Заедно сите седнавме, играчи и стручен тим, си кажавме сè што имавме и одлучивме ние поискусните да зборуваме на оваа конференција“, изјави Азар.

Покрај него се обрати и неговиот клупски и репрезентативен соиграч, голманот Тибо Куртоа.

„Немаме проблеми во екипата. Тие приказни се измислени за да се направи лоша атмосфера, но сега сме уште помотивирани да ја победиме Хрватска в четврток. Бев лут кога загубивме од Мароко, ама за дваесет минути беше како ништо да не се случило. Има премногу лаги, зборуваа приказни кои не се вистинити, дека јас сум кршел во соблекувалната.  Бевме разочарани, ама не викавме, нема корист од тоа. Вчера разјаснивме сè во приватен разговор“, потврди Куртоа.