Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го освои трите посакувани бода против Гројтер Фирт на дуелот од 23.коло во Бундеслгата.
Бавареците имаа проблеми во првиот дел и истиот го завршија со негатива од 1-0 со голот што го постигна Хргота во 43 минута.
Второто полувреме беше сосема поинаква приказна и во тој дел дел фаворитот одигра онака како што се очекуваше и тоа почнувајќи од 47 минута кога Левандовски израмни на 1-1.
Веќе во 61 минута беше 2-1 за домаќинот со автоголот на Грисбек по што до крајот Левандовски и Чупо Мотинг ја заокружија приказната на „Алијанц Арена“.
Баерн со 55 бода е на првото место и е на добар пат да ја одбрани титулата во Германија.