Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, изјави денеска оти германскиот шампион нема намера да го донесе во своите редови напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, нагласувајќи дека тоа се гласини кои ги форсираат медиумите.
Салихамиџиќ рече дека Баерн по заминувањето на голгетерот Роберт Левандовски во Барселона би можел да игра без класичен напаѓач.
-Приказните околу Кејн се гласини. Сега се одлучивме за поинаков пат. Манчестер сити и Ливерпул со години се успешни без класична „деветка“, изјави Салихамиџиќ за весникот „Зидојче цајтунг“.
Барселона ова лето го продаде Левандовски на Барселона за 45 милиони евра, а како напаѓачки опции ги донесе Садио Мане од Ливерпул за 32 милиони евра и младиот Французин Матиз Тел од Рен за 20 милиони евра. (МИА)