петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн има три ремија по ред во Бундеслигата

Баерн има три ремија по ред во Бундеслигата

Баерн Минхен нема победа три натпревари по ред во Бундеслигата. Денеска избраниците на Јулијан Нагелсман одиграа нерешено со Штутгарт (2:2) во 6. коло.

Пред тоа Баварците имаа две нерешени – со Унион (1:1) и Борусија Гладбах (1:1). Во преостанатите три натпревари од Бундес лигата актуелниот шампион победуваше.

Баерн на крајот од минатата сезона имаше и серија од три меча без победа во Бундеслигата – две нерешени и пораз.

Ако зборуваме за сите натпреварувања во тековната сезона, Баерн има шест победи и три нерешени во девет натпревари во сезоната, со гол разлика е 31:8.