вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн.М го најде наследникот на Левандовски

Баерн.М го најде наследникот на Левандовски

ерманскиот шампион Баерн Минхен летово се засили со неколку фудбалери, меѓу кои се Матијас Де Лихт, Садио Мане, Рајан Гравенберх и Нусер Мазрауи, но спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ сака уште едно засилување.

Баерн пронајде замена за Роберт Левандовски, а тоа е 17-годишниот напаѓач на Рен, Матијас Тел кој вреди 28 милиони евра.

„Тел може да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот. Сметам дека може да постигне по 40 голови по сезона. Млад е италентиран, знае да ја задржи топката и да даде гол“, кажа тренерот Џулијан Нагелсман.