четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен без Алфонсо Дејвис до крајот на сезоната

Баерн Минхен без Алфонсо Дејвис до крајот на сезоната

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен се соочува со уште еден голем проблем откако го загуби првото место на табелата во германската Бундеслига откако до крајот на сезоната ќе мора да продолжи без левиот бек Алфонсо Дејвис.

22-годишниот канадски репрезентативец заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот против Мајнц, кој Баер Минхен го загуби со 3:1. Деталните прегледи покажаа дека повредата е посериозна и Алфонсо Дејвис нема да може да помогне во последните пет кола од шампионатот.