четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен официјално ја освои деветта шампионска титула по ред во Германија

Баерн Минхен официјално ја освои деветта шампионска титула по ред во Германија

Фудбалскиот клуб на Баерн Минхен стана ново-стар првак на Германија. „Баварците“ ја одбранија титулата уште пред стартот на денешниот меч со Борусија Менхенгладбах, откако Лајпциг загуби од Борусија Дортмунд со 3:2, но потоа новиот шампион ја потврди доминацијата со победата од 6:0 над својот противник.

За Баерн ова беше деветти трофеј по ред во Бундеслигата, вкупно 31 во својата историја, Роберт Левандовски кој неодамна се врати по повредата, покаѓа дека веднаш се врати во голгетерски ритам.

Полскиот напаѓач погоди по неполни две минути игра, што е негов најбрз гол во дресот на Баерн во Бундеслигата.

Левандовски потоа погодуваше и во 34 и 66 минута од пенал, за комплетирање на нов хет-трик. Освен Левандовски, мрежата на Борусија Менхенгладбах ја затресоа и Томас Милер, Кингсли Коман и Лерој Сане.

Токму Милер заедно со Давид Алаба поставија нов рекорд во Бундеслигата, откако по јубилеен 10-ти пат станаа шампиони во Бундеслигата, нешто што не му успеало на ниту еден друг фудбалер во историјата на германскиот фудбал.