Само неколку часа откако англиските медиуми објавија дека Кејн ќе биде фудбалер на Баерн Минхен, германскиот тим ја подготви понудата која очекува да биде доволна за претседателот на Тотенхем, Даниел Леви да даде зелено светло за трансферот.
Откако претходно Леви ја откажа средбата која беше закажана за среда, а новинарот Руди Галети ја откри сумата која Баерн ќе ја понуда.
Според новинарот, Баерн на маса ќе достави понуда тешка 105 милиони евра за Кејн. Се очекува оваа понуда да биде прифатена бидејќи најмалата сума која Леви ја бараше за својот капитен беше 100 милиони евра.
Тотенхем ги одби првите две понуди на Баерн од 70 и 80 милиони евра.