Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен објави денеска дека нема да биде продолжена соработката на Шпанецот Хави Мартинез.
Шпанскиот интернационалец пристигна во Баерн во 2012 година и секоја сезона оттогаш стигнуваше до титулата во Бундес-лигата.
„Бескрајно сум горд што бев дел од семејството на Баерн Минхен во изминатите девет години. Никогаш нема да го заборавам овој период, Минхен беше мој дом, голема благодарност до сите во клубот и најмногу до фановите. Живеев за Баерн, горд сум на сите освоени трофеи“, изјави Хави Мартинез.