Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен е подготвен да плати максимален износ од 100 милиони евра за услугите на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, објави денеска италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.
Баварците се подготвуваат за разделба со својот најдобар стрелец Роберт Левандовски, кој е на чекор до трансфер во Барселона, а во нигерискиот репрезентативец гледаат решение на позицијата централен напаѓач.
Осимен во изминатата сезона постигна 18 голови за Наполи на 32 натпревари, но пропушти многу дуели поради повреда на клучната коска.
Нигериецот дојде во Наполи во 2020 година од Лил за сума од 75 милиони евра, а претходно настапуваше за Волфсбург и Шарлоа.