Иако враќањето на закоравениот стопер Џером Боатенг во Баерн беше најавено како неизбежно, од тоа нема ништо, бидејќи челниците на германскиот шампион се предомислија.
Боатенг е надвор од терените откако на крајот на јуни му истече договорот со Лион. Во Франција е од 2021 година, а пред тоа мина цела деценија во дресот на Баерн.
Со Баварците два пати ја освои Лигата на шампионите, девет пати Бундеслигата и два пати Светското клупско првенство, а со репрезентацијата на Германија го освои и Светското првенство во Бразил во 2014 година.
Тренерот Томас Тухел има на располагање тројца врвни стопери Матијас де Лихт, Ким Мин-Јае и Дајо Упамекан. На почетокот на сезоната сите тројца беа надвор од терените поради повреди, поради што беше контактиран Боатенг. Сега сите тројца се во функција, а Ким и Упемекано се наметнаа како стартери. Де Лихт чека шанса од клупата, а Боатенг се откажа.
На одлуката да се откажат од него влијаеше и тоа што против Боатенг се води постапка за напад на неговата поранешна партнерка.