вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен убедливо против Лајпциг

Баерн Минхен убедливо против Лајпциг

Актуелниот фудбалски шампион на Германија Баерн Минхен се враќа со три бода од гостувањето кај Лајпциг, откако запиша убедлива победа од 4-1 во четвртото коло од Бундеслигата.

Роберт Левандовски по 12 минути ја погоди мрежата на Лајпциг за 1-0, по што на стартот на вториот дел Мусиала и Сане стрелаа за убедлива предност од 3-0.

Лајмер во 58. минута намали на 1-3, но тоа не им помогна на неговите соиграчи да избегнат пораз, а за уште поубедлива победа на баварскиот гигант стрелаше Чупо-Мотинг во 92. минута.

Баерн има 10 бодови по четири одиграни кола, додека пред нив е само Волфсбург кој има 12 бодови.