среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн планира да игра пред 24.000 луѓе

Баерн планира да игра пред 24.000 луѓе

Баерн (Минхен) работи на анти-епидемиски протокол што може да му овозможи на германскиот фудбалски шампион да игра пред 24.000 луѓе на „Алијанц Арена“, соопшти клубот.

-Направивме протокол за да имаме јасна идеја за тоа колку луѓе можеме да прифатиме на стадионот. Ќе бидеме задоволни со 5.000 на почетокот, иако на крајот очекуваме да играме пред 24.000, рече членот на УО, Јан-Кристијан Дрезен.

Равенката не е навистина комплицирана. „Алијанц Арена“ има капацитет од 70 илјади места и точно 24 илјади можат да бидат на трибините, доколку има метар и половина меѓу нив. Баварците обезбедија и безбедно движење во различни сектори и делови на стадионот.

-Сакаме повторно да играме пред публика, но не инсистираме на ништо, додаде Дрезен. (МИА)