вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн потпиша петгодишен договор со Французинот Упамекано за 42.5 милиони евра

Баерн потпиша петгодишен договор со Французинот Упамекано за 42.5 милиони евра

Европскиот и светски првак Баерн Минхен го договори денеска трансферот на Дајот Упамекано, потпишувајќи петгодишен договор со францускиот фудбалер.

Според договорот, Упамекано ќе му се приклучи на бундеслигашот од Минхен пред стартот на сезоната 2021/22.

Финансиските детали од договорот не се соопштени, а германските медиуми објавија дека Баерн ја активирал откупната клаузула во висина од 42.5 милиони евра.

-Среќни сме што можевме да потпишеме договор со Упамекано. Уверени сме дека Дајот ќе биде многу важен член на нашиот тим во годините што доаѓаат, соопшти Баерн.

Дваесетидвегодишнот француски фудбалер ќе остане до крајот на сезоната во редовите на Лајпциг, кој е второпласиран во Бундеслигата со четири бодови заостанување и натпревар помалку од лидерот Баерн.