недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн преку Баер до финалето во купот

Баерн преку Баер до финалето во купот

Фудбалерите на Баерн Минхен на убедлив начин се пласираа во финалето на Купот на Германија, откако синоќа на гостински терен го совладаа Баер Леверкузен со 6:2.

Томас Милер реализира хет-трик, Роберт Левандовски постигна два гола, а еднаш во листата на стрелците се запиша Тијаго Алкантара, додека за домаќините погодија Ларс Бендер и Леон Бејли.

Баерн во финалето ќе се бори за четвртиот куп трофеј во последните шест сезони.

Воедно, Баварците остануваат во игра за тројната круна со оглед што веќе ја обезбедија титулата во Бундеслигата, а ги очекува полуфинале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Противник во финалето во националниот куп закажано за 19 мај во Берлин ќе им биде подобриот од денешниот дуел Ајнтрахт – Шалке.