понеделник, 22. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн треба до 15 мај да одлучи дали Перишиќ ќе биде откупен за 20 милиони евра

Баерн треба до 15 мај да одлучи дали Перишиќ ќе биде откупен за 20 милиони евра

Опцијата за откупување на играчот од средниот ред Интер, Иван Перишиќ, кој игра на позајмица за Баерн Минхен, истекува на 15 мај.

Триесет и едногодишниот фудбалер од средниот ред се пресели во баварскиот клуб минатото лето. Баерн може да го купи за 20 милиони евра.

Во Интер се надеваат дека Баерн ќе го комплетира трансферот, така што средствата од неговата продажба може да се инвестираат во зајакнување на тимот.

Според „Скај спорт Италија“ можно е клубовите дополнително да преговараат за висината на трансферот.

Исто така, раководството на „неро-азурите“ ќе има преговори со ПСЖ за трансферот на напаѓачот Мауро Икарди, кој игра на позајмица во Париз. Износот на откуп што е наведен во договорот е 70 милиони евра, но во овој случај, страните можеби ќе треба да разговараат за деталите за трансферот, со оглед дека состојбата на пазарот е променета поради кризата поврзана со пандемијата на коронавирус.