Напаѓачот на Олимпик Марсеј, Марио Балотели може да биде дисквалификуван до крајот на сезоната во француската Лига 1.
Причината е неспортското однесување на Италијанецот во последниот шампионатен натпревар против Бордо, изгубен со 0:2, кога го удри со лакт дефанзивецот на Бордо – Пабло Кастро, иако настанот остана незабележан од главниот судија.
Однесувањето на Балотели ќе биде разгледано од Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација, откако доведе до кршење на носот на Кастро.
Ако биде прогласен за виновен, тој може да биде со запрени права за осум натпревари, што значи дека ќе го пропушти и стартот на следната сезона, ако воопшто остане во Франција.