Играчот за врска на Шпанија, Серхио Бускетс се излечи од коронавирусот. Тој на 6 јуни доби позитивен тест. Фудбалерот наскоро ќе се приклучи на националниот тим, објавено е на официјалната веб-страница на Шпанската фудбалска федерација.
Капитенот на „црвената фурија“ го пропушти натпреварот од првото коло на Европското првенство 2020 со Шведска (0:0), но се очекува тој да биде во составот за дуелот со Полска.
Натпреварот Полска – Шпанија се игра утревечер во 21 часот во Севилја.