Реал Мадрид и Виљареал, кои оваа недела изборија пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони, ја покажаа силата на Ла Лига, оцени денеска тренерот на Барселона, Чави.
Реал во четвртфиналето го елиминираше актуелниот европски првак Челзи, додека Виљареал сензационално го совлада Баерн Минхен.
– Тоа што се случи во вторникот покажува дека Ла Лига не заостанува многу зад Премиер лигата, изјави Чави.
– Без разлика на сè, Ла лига секогаш ќе биде Ла Лига и е многу конкурентна. Ги гледав двата натпревари. Јас сум фудбалски навивач. Патем речено, Виљареал сега е голем клуб, зарем не? Сега сите би требало да го ставите на својата листа на големи клубови, додаде Чави. (МИА)