Фудбалскиот клуб Челси на доминантен начин го надигра Арсенал. Белгиецот претставуваше вистинска закана за „топчиите“ во текот сите 90 минути, беше вистинска напаст за домашната одбрана, па погоди по само 15 минути игра по неговото враќање во Премиер лигата.
Лукаку импресивно се загради, ја одложи акцијата, а потоа следеше комбинација меѓу него и Рис Џејмс за водство од 0:1 на „Емирејтс“ стадионот. Челси беше далеку подобар тим во овој период од играта, па асистентот Џејмс погоди за 0:2 во 35-та минута и ја најави победата на „сините“.
Во вториот дел, Арсенал се обиде да реагира, но тоа беше безусшено, а најблиску до нов гол беше одново Лукаку кој ја здрма конструкцијата од голот на Лено.
Ромелу ја погоди гредата во 77-та минута и само тоа спречи да видиме и негов втор гол, но сепак фановите на Челси и вака ќе бидат презадоволни од второто деби кое го имаше напаѓачот во синиот дрес на клубот од Лондон.