четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси немаше проблеми со Астон Вила

Челси немаше проблеми со Астон Вила

Лондонски Челси стана само вториот тим кој стигнал до 600 победи во Премиерлигата зад Манчестер јунајтед кој има 690 откако вечерва со 3-0 триумфираше против Астон Вила

Ромелу Лукаку го отвори резултатот по 15 минути игра, напаѓачот биеше прецизно за 1-0 на асистенција на Ковачиќ.

На стартот од вториот дел, Ковачиќ се запиша во листата на стрелци откако Мингс лошо врати една топка до својот голман.

Во последните мигови, Лукаку стави тачка на натпреварот, силно биеше од врвот на шеснасетникот за 3-0.