четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челзи нема да може да продава билети за домашните натпревари во Премиер лигата

Челзи нема да може да продава билети за домашните натпревари во Премиер лигата

Челзи до завршување на оваа сезона нема да може да продава билети за домашните натпревари во Премиер лигата, објави официјалниот сајт на лондонскиот клуб.

Само сопствениците на сезонски билети ќе можат да присуствуваат на средбите на „Стемфорд Бриџ“ во Премиер лигата.

Воедно билети за двата меча од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, за полуфиналето од ФА Купот против Кристал Палас ќе бидат достапни за купување.

Да потсетиме дека рестрикциите за Челзи беа воведени од британските власти поради санкциите против сопственикот на клубот Роман Абрамович. (МИА)