среда, 20. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Чувајте го семејството и саканите: Роналдо покрај мајка му откако таа закрепна од мозочен удар

Чувајте го семејството и саканите: Роналдо покрај мајка му откако таа закрепна од мозочен удар

Кристијано Роналдо сподели семејна фотографија со неговата мајка, откако таа беше пуштена од болница оваа недела по мозочниот удар. Долорес Авеиро беше пуштена од болница минатата сабота речиси две недели откако доби мозочен удар, а Португалецот доби дозвола од Јувентус да се врати дома во Мадеира.

Авеиро постираше фотографија на социјалните мрежи, а Роналдо во саботата навечер не го криеше задоволството што неговата мајка е покрај него. Се чувствувам многу благодарен што мојата мајка е пуштена од болница и сега се опоравува дома. Чувајте го семејството и саканите – напиша Роналдо покрај фотографијата на која е со своите сестри Елма и Катја Авеиро. Долорес Авеиро заврши во болница на 3 март по мозочниот удар предизвикан од тромб.