недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Да погледнеме заедно: Дали ножичките на Роналдо се навистина најдобри? Еве 10 кои можеби се подобри (ВИДЕО)

Според нашиот избор ова се 10-те најдобри голови со ножички, па може да видиме каде се тука и оние на Роналдо.
Да погледнеме заедно: Дали ножичките на Роналдо се навистина најдобри? Еве 10 кои можеби се подобри (ВИДЕО)

Не е убавината на голот единствено што се гледа, важен е и моментот, важноста, голманот, кажа една Зико. И беше во право. Роналдо даде гол во четврфиналето од Лигата на шампионите, на  Јувентус, на Буфон… Може ли да биде поважен моментот?

Оставете ги на страна сите волеи, слободни удари, пети, голови со глава… Во фудбалот нема ништо поубаво од ножичките. Кога ќе видиме, скокаме и некако спонтано плескаме со рацете. Таков беше случајот и после оние на Роналдо, за кои многу пак кажаа дека се можеби најдобрите во историјата. Еден од најгенијалните играчи во историјата на фудбалот, Бразилецот Зико, кој бил мајстор за слободни удари, во кариерата ги има повеќе од 150, како ниту еден играч пред  ниту после него.

Според нашиот избор ова се 10-те најдобри голови со ножички, па може да видиме каде се тука и оние на Роналдо.

10. Рори Делап против Тотенхем

Многу пред да стане најдобар изведувач на аути на светот, Делап беше познат и по играта. Саутепмтон во 2001 го доведе од Дерби Каунти, за тогаш рекордни четири милиони фунти. Со голот против Тотенхем ги купи навивачите на Саутемптон засекогаш. Инаку, пред фудбалската кариера, тој бил фрлач на копје.

9. Димитар Бербатов против Ливерпул

Во дерби секој гол е важен. Со пета, со глава, со струк, од пенал… Важно е да дадете гол. Во случаи што поглуп тоа подобар, повеќе се памети. А славниот Бугар во најголемото англиско дерби даде гол со ножички.

8. Роналдињо против Виљареал

Ако некој даваше незаборавни голови, тогаш тоа сигурно е Роналдињо. Од оној против Челзи во 2005 година, до лобот против Симан во четвртфиналето на СП во 2002 година. Но откако даде гол против Виљареал кажа дека тој му е најдраг гол во кариерата. Зошто? Затоа што како дете сонувал да даде гол со ножички. Топката од Чави ја смири на град и потоа… само погледнете.

7. Мауро Бресан против Барселона

Ако сте слушнале за Мауро Бресан, сте слушнале од две причини. Причина број еден: Уапсен е во 2011 поради местење натпревари во Италијанското првенство. Причина број два: Го даде еден од најубавите голови во историјата на Лигата на шампионите и тоа против Барселона со ножички, во натпревар кој заврши 3:3.

6. Тревор Синклер против Барнсли

Беше тоа 1997 година во која немаше Јутјуб, а најголемиот трансфер беше 20 милиони евра. Е, во тоа време се зборуваше само за голот на Синклер.

5. Филип Мексес против Андерлехт

Малку се дафанзивците кои постигнале гол со ножички, а еден од нив е Филип Мексес. Рикардо Монтоливо центрираше од работ на шеснаесетникот, а таму топката ја прими Мексес, свртен со грбот кон голот. А потоа… Се уште на многу не им е јасно како тој гол не ја доби наградата Пушкаш во 2013 година.

4. Ривалдо против Валенсија

2001 година, последно коло, на Барселона и треба победа за да се пласира во Лигата на шампионите. Два пати даде гол Ривалдо, два пати се враќаше Валенсија. Се играше последната минута, трибините во очај, Барселона останува без ЛШ, или сепак не остана? Прашајте го Ривалдо.

3. Златан Ибрахимовиќ против Англија

Ако некој дава спектакуларни голови тоа е Златан. Глава, пета, гради… Нема со што нема дадено гол. Но оној против Англија ќе остане во аналите. Зошто? Прашајте го Џо Харт, кој бранеше на тој натпревар.

2. Марко Ван Бастен против Ден Бош

Кога ќе го споменете Марко Ван Бастен, прво што на памет паша е волејот од финалето на Еуро 1988. Но, голот против Ден Бош ќе ви помогне да го заборавите тој негов волеј. Да станеме и да ракоплескаме. Погледнете ги овие брилијантни ножички на Ван Бастен.

1. Оскарин Масулуке против Орландо Пајратс

Нормално е кога гол со ножички ќе даде напаѓач, нормално е кога ќе даде играч од средниот ред, па нормално е и кога ќе даде играч од дефанзивната линија. Но, голман? И тоа во последната минута, 96 минута, малку е за верување, многумина би кажале дека тоа мора да е шега. Голманот на Барока против Орландо Пајратс, во првенството на Јужна Африка. Секоја чест.