четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Бур: Нема да биде лесно со Македонија

Де Бур: Нема да биде лесно со Македонија

Холандија со две победи во два меча веќе го има обезбедено првото место во групата во која е и Македонија . Последното коло и меѓусебниот меч меѓу Лалињата и нашата репреентација ќе биде само за престиж. селекторот на Холандија, Франк де Бур не сака да ја потцени Македонија, а не најави дали ќе игра со најсилниот тим или шанса ќе им даде на резервите.

„Македонија сигурно ќе сака да стигне до позитивен резултат. Точно е дека тие се елиминирани и дека немаат шанса за нокаут фазата, но како дебитанти на едно големо натпреварување, сигурно дека сакаат да освојат бодови. Нема да ни биде лесно. Видовме дека Македонија има квалитет и дека не случајно се учесници на ЕУРО. И Австрија и Украина се намачија со нив, тешко стигнаа до бодовите. Имам некои планови за мечот против Македонија, можеби ќе ја промениме и формацијата“  изјави Де Бур.