вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Детаљ кој го немаше пред малите екрани – еве како Нејмар ги провоцираше српските навивачи од теренот, откако го покажа ова тие уште повеќе се изнервираа (ВИДЕО)

Детаљ кој го немаше пред малите екрани – еве како Нејмар ги провоцираше српските навивачи од теренот, откако го покажа ова тие уште повеќе се изнервираа (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил ја совлада Србија со 2:0 во натпреварот од првото коло од групата Г на Мундијалот, а еден од деталите кои го одбележаа натпреварот беше корнерот кој го изведе Нејмар.

Бразилецот, кој важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата, беше опасен за голот на „орлите“ од почетокот на мечот до моментот кога беше заменет во 79. Минута.

Во текот на изведувањето на еден од корнерите покажа што знае и умее.

Имено, Бразилецот се упати кон „аголот“ за да ја врати топката во игра, по што следеа извици од српските навивачи, на што Нејмар одговори со гестикулација и испрати порака: „Не те слушам“.

@thefootballkingdom1 #neymar #neymarjr #neymarjr10 #neymarjr_10jr #brazil #brazilian #brazil🇧🇷 #brazilianjiujitsu #qatar #qatar2022 #qatarbd #qatar🇶🇦 #qatartiktok ♬ original sound – The Football Kingdom

Оваа акција дополнително ги изнервира навивачите кои почнаа уште пожестоко да навиваат на „провокацијата“ на фудбалерот кој е склон кон ваква комуникација со навивачите.

Следуваше момент на молк, бидејќи Бразилецот за малку ќе постигнеше гол од корнер, но за среќа српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ успеа да го спречи неговиот обид.