недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала може да го пропушти натпреварот на Јувентус во Лигата на шампионите против Челзи

Дибала може да го пропушти натпреварот на Јувентус во Лигата на шампионите против Челзи

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, можеби нема да игра на натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите, против Челзи, објави „Фудбал Италија“.

Фудбалерот се повреди на натпреварот од Серија А помеѓу Јувентус и Сампдорија (3:1, второ полувреме).

Во 10. минута Аргентинецот постигна гол, по што почна да куца. Наскоро играчот мораше да биде заменет. Дибала во солзи го напушти теренот.

Натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите Јувентус – Челзи ќе се одигра на 29 септември. (МИА)