Фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала, е се поблиску до трансфер во Интер како слободен агент, објавија медиумите во Италија.
Според „Кориере дела Сера“, Интер нема многу да одолговлекува и ќе го објави ангажманот на играчот во наредните десет дена, со оглед дека сезоната е завршена и Дибала го одигра последниот меч за „бјанконерите“.
Двете страни начелно се договорија за тригодишен договор со плата од 7 милиони евра, а договорот би можел да биде продолжен за уште една дополнителна сезона.