вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ѕвездата на Јувентус конечно се излечи од коронавирусот!

Ѕвездата на Јувентус конечно се излечи од коронавирусот!

Одлична вест за Пауло Дибала и Јувентус дојде лично од аргентинската sвезда на „бјанконерите“. После неколкунеделна борба со лекувањето од КОВИД-19, Дибала конечно призна на социјалните мрежи дека веќе е целосно опоравен од коронавирусот.

Познат е фактот дека напаѓачот на гигантот од Торино не можеше да се избори со вирусот, откако четири последователни тестови покажаа дека тој сè уште е носител на инфекцијата. Најновиот тест беше направен во средата (6-ти мај), кој објави негативни вредности.

– Конечно сум излечен од КОВИД-19. Моето лице кажува се, откако конечно се опоравив од коронавирусот, напиша Дибала на Инстаграм.