понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Еуфорија во Ријад, Роналдо спремен за официјалната презентација

Еуфорија во Ријад, Роналдо спремен за официјалната презентација

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пристигна во Ријад, каде ќе биде претставен како нов играч на Ал Наср. Португалецот пред неколку дена потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, според кој наводно ќе заработува 200 милиони евра по сезона.

Роналдо по лекарските прегледи официјално ќе биде претставен на стадионот „Марсол Парк“ во Ријад. Промоцијата е закажана за 19:00 часот по локално време, а се очекува да присуствуваат околу 30.000 навивачи на Ал Наср. Роналдо претходно попладнево објави видео од авионот на кое се гледа како патува за Ријад, а на арапски ги поздравува навивачите на својот нов клуб.

Португалецот кон средината на ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед. Покрај за Манчестер Јунајтед, Кристијано играше и за Спортинг, Реал и Јувентус.