петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕУРО 2020: Белгија е првата пречка за Португалците во одбрана на тронот

ЕУРО 2020: Белгија е првата пречка за Португалците во одбрана на тронот

Нови два натпревари ќе се одиграат денес во рамките од 1/8 финалето на ЕУРО 2020 . Во центарот на вниманието е дуел на фаворитите и гигантите каде играат европскиот првак Португалија против Белгија на стадионот во Севиља.

Станува збор за две репрезенатции кои важат за фаворити за освојување на пехарот. Белгија важи за главен фаворит, со оглед на добрата игра во групата каде забележа три победи од три меча, но Португалија сигурно нема така лесно да се откаже од пехарот кој го брани. Натпреварот почнува во 21 часот.

Претходно во 18 часот се среќаваат Холандија и Чешка во Будимпешта. Холанѓаните важат за големи фаворити на овој меч. Ја завршија групата каде беше и нашата селекција со три победи од три меча, додека Чесите освоија четири бода (три со Шкотска и еден со Хрватска). и сигурно ќе ја бараат шансата против селекцијата која засега е максимална на ЕП, но има свои слабости.