Миланскиот весник Кориере Дела Сера објави дека Јувентус би можел да направи во фудбалски жаргон тектонско поместување на Апенините.
Јувентус наводно фрлил вистинска трансфер бомба кон Милано и понудил 50 милиони евра и Гонзало Игуаин за Мауро Икарди. Весникот исто така известува дека Јувентус побарал од адвокатската куќа која го претставува да ја анализираат клаузулата која го ослободува Икарди (110 милиони евра), која важи само од први до 15 јули и тоа само за странските клубови.
Овој весник наведува и дека Интер се согласил да преговара околу понудата, а своја дозвола дала и сопругата на Икарди, Ванда Нара, без која младиот голгетер и капитен на Интер нема да ја донесе конечната одлука за напуштањето на клубот.
Да се верува во овие тврдења на миланскиот весник допринесе и сопругата на Икарди, Ванда Нара, која на своето Инстаграм стори објави фотографија од зебра, што асоцира на боите на Јувентус.
Ова сигурно уште повеќе ги загрева надежите на фановите на Јувентус дека Икарди ќе дојде кај нив, а кај предизвикува бес и нервоза кај фановите на Интер.