четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Флик ги освои сите турнири во својата прва сезона како тренер

Баерн ја освои Лигата на шампионите 2019/20 совладувајќи го синоќа ПСЖ со 1:0 во финалето, додека Ханс-Дитер Флик стигна до трофејот во својата деби сезона како главен тренер.

Претходно оваа сезона, Флик го предводеше Баерн Минхен до титулите во Бундеслигата и во Купот на Германија.

Педесет и петгодишниот играч се приклучи на тренерскиот тим на Баерн летото во 2019 година и стана помошник тренер Нико Ковач, но Хрватот доби отказ во ноември.

Флик прво беше назначен за в.д. главен тренер, а потоа и одобрен на функцијата до крајот на сезоната.

Во април договорот со Флик беше продолжен до летото 2023 година.