Маестралната игра на Бразил го одбележа натпреварот против селекцијата на Јужна Кореја на СП во Катар, но потегот на бразилските фудбалери по натпреварот го воодушеви светот.
Со оглед на тоа дека легендата на бразилскиот фудбал Пеле има сериозни здравствени проблеми, и деновиве сите светски медиуми пишуваа за него, репрезентивците по завршувањето на натпреварот му пружија поддршка.
На теренот донесоа голем транспарент со ликот на Пеле, а крај него се собра целата екипа заедно со селекторот Тите. На овој начин тие му порачаа на Пеле дека се со него и дека му ја пружаат сета поддршка во здравствената битка.