понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Фудбалерот на Севилја со „Мустанг“ уби брачен пар на денот на нивната свадба

ФОТО: Фудбалерот на Севилја со „Мустанг“ уби брачен пар на денот на нивната свадба

Младиот фудбалер на Севилја, 20-годишниот Жоао Малек, во неделата наутро предизвика сообраќајна несреќа во која две лица го загубија својот живот.

На лице место починал 33-годишниот маж и неговата седум години помлада сопруга.

Големата трагедија се случи на денот на нивната венчавка. Парот зад себе остави две деца, а фотографиите од несреќата се траорни.

Фудбалерот со својот автомобил „Мустанг“ директно удрил во автомобилот на брачниот пар, кој се преполовил на половина.

Истрагата покажа дека Малек возел повеќе од дозволеното, а во автомобилот бил и неговиот пријател кој исто така поминал со полесни повреди.