сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Нејмар објави пораки со соиграчите, еве како ги тешел по поразот од Хрватска

ФОТО: Нејмар објави пораки со соиграчите, еве како ги тешел по поразот од Хрватска

Во пенал рулетот Хрватска го совлада Бразил и сега се подготвува за полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Аргентина.

Бразил беше еден од најголемите фаворити за освојување на светската круна, но си замина дома. Колку тоа влијаело на нив најдобро говорат пораките кои ги сподели Нејмар.

Бразилската ѕвезда по елиминацијата од Хрватска, размени пораки со неколку соиграчи кои шутираа од белата точка. Тој реши да ги објави пораките за да им покаже на сите какво единство владее меѓу нив:

-Пеналот нема да го промени она што го мислам за тебе, му напиша Нејмар на бразилскиот дефанзивец Маркињос, кој последен шутираше од белата точка и ја погоди стативата.

-Навистина сакав да успееме, никогаш не мислев дека тоа ќе биде пречка за остварување на нашите соништа, но мора да продолжиме, одговорил неговиот соиграч и дефанзивец на ПСЖ.

-Така е, се минува, добри и лоши моменти. Мораме да бидеме силни, да видиме што друго ни подготвува фудбалот. Пред да бидам твој соиграч, јас сум твој пријател и те сакам, напиша Нејмар.

Тијаго Силва ја предводеше бразилската одбрана на Светското првенство.

-Всушност е полошо отколку што мислев. Ми доаѓа да плачам штом ќе размислам, не можам да прифатам дека загубивме, но ќе бидам добро, напиша дефанзивецот, а Нејмар додаде:

„Мораме да продолжиме понатаму, брат. Ти, Дани Алвеш и јас заслуживме повеќе, но Господ е со нас и знае се“.

Нејмар ја утеши и ѕвездата на Реал Мадрид.

Еден од играчите кој шутираше од белата точка и промаши беше Родриго, ѕвездата на Реал Мадрид.

„Го пишувам ова за да ти кажам дека си силен, чест е да се биде дел од твојата кариера и како стануваш еден од најголемите во бразилската историја. Пеналите ги пропуштаат оние кои имаат храброст да ги шутираат.

Пропуштив многу од нив и научив по нешто од секој од нив, но никогаш не се откажав. Сакам да ти се заблагодарам, не затоа што си добар играч, туку затоа што си добар човек. Напред и сети се што ти кажав: Ќе го донесеш Светското првенство во Бразил“, напиша Нејмар, а Родриго одговори:

„Ти благодарам за се мој идол, од се срце. Жал ми е што ти го уништив сонот, се надевам дека ќе продолжиш со нас“.

Не се извинувај, но ќе те научам како да изведуваш пенали“, се пошегувал Нејмар.