понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФОТО: Ова се годишните плати на тренерите, еден од нив е без конкуренција

ФОТО: Ова се годишните плати на тренерите, еден од нив е без конкуренција

Порталот „Globe Soccer“ објави листа на најплатени тренери на светско ниво, а во пресметката земена е во предвид само годишната плата.

На врвот се наоѓа разбирливо Пеп Гвардиола, кој годишно од Манчестер Сити добива 23 милиони евра.

Штотуку се врати на тренерската позиција, Жозе Мурињо го завзема второто место со 17,5 милиони евра годишно од Тотенхем.

На третото место е популарниот Чоло, односно Диего Симеоне кој за клупата на Атлетико Мадрид добива 15 милиони евра.

Четвртото и петото место го завземаат познати имиња, кои работат во Кина. Рафа Бенитез од Далиан Јифанг добива плата од 13, 5 милиони евра, додека Фабио Канаваро, тренер на Гванжу, кој викендов ја освои шампионската титула е платен 12 милиони евра на годишно ниво.

Следуваат Зинедин Зидан-Реал Мадрид (12 милиони), Антонио Конте – Интер (11 милиони), Тухел – ПСЖ (9 милиони), Валверде – Барселона (9 милиони), Клоп – Ливерпул (8 милиони).