Камерунската фудбалска легенда Самуел Ето имал тешка сообраќајна несреќа, но не е животно загрозен.
Светските медиуми јавуваат дека екс ѕвездата на Барселона, Челси и други бројни клубови, со автомобил удрил во автобусот додека се враќал дома од свадба.
На Твитер набрзо се појавија фотографии од местото на несреќата, а членови за семејството за Би-Би-Си Африка истакнале дека Ето „е добар“, но се наоѓа во болница каде му била пружена лекарска помош.
Samuel Eto’o survives a car crash, the former Cameroon captain is said to be in hospital receiving medical attention. pic.twitter.com/LphzeRaLaT
— African Soccer Updates (@Africansoccerup) November 8, 2020
Според објавите на медиумите, Ето не бил виновен за несреќата, а одговорниот бил приведен.