четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Галатасарај можен противник на Струга во Лигата на шампиони

Галатасарај можен противник на Струга во Лигата на шампиони

Доколку ја мине првата квалификациска пречка во Лигата на шампиони, македонскиот првак Струга за противник во второто коло ќе го има турскиот гигант Галатасарај, одлучи денешната жрепка во Нион.

За двојна пресметка со Галатасарај фудбалерите на Струга ќе треба во воведното коло да бидат поуспешни од литвански Жалгирис.

Двата натпревари против шампионот на Литванија се на програмата на 11/12 јули и 18/19 јули, додека пресметките во второто квалификациско коло ќе се играат на 25/26 јули и 1/2 август.

Струга на првиот натпревар против Жалгирис ќе биде гостин, додека во евентуалната пресметка против Галатасарај ќе биде домаќин на првиот натпревар.