среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гнабри во Баерн до 2026 година

Гнабри во Баерн до 2026 година

Германскиот шампион Баерн Минхен потврди дека Серж Гнабри потпиша нов договор со баварците до 2026 година.

Договорот на германскиот репрезентативец со Баерн истекуваше идното лето, но управата на клубот не сакаше да им се повтори случајот со Робет Левандовски и му понуди нов и подобар договор кој Гнабри го прифати и со тоа стави крај на шпекулациите за негово заминување.

Тој изминатиот период беше поврзуван со Челси, Арсенал и Реал Мадрид.