Фудбалерите на Баерн ја освоија 11-та по ред шампионска титула на Германија, откако вчера во драматично6то последно коло од Бундеслигата го совладаа Келн со 2:1, додека Борусија Дортмунд одигра 2:2 против Мајнц. Но, тие останаа без клупскиот оперативец и без спортскиот директор.
Генералниот директор и легенда на германскиот фудбал Оливер Кан беше разрешен од таа функција веднаш по освојувањето на титулата во Баерн. Со него замина и Хасан Салихамиџиќ кој ја имаше функцијата спортски директор.
Голот на Џамал Мусиала им донесе уште една титула на Баварците, но Баерн се покажа ранлив по една деценија доминација во Бундеслигата. Раководството на Баерн ги откри двајцата главни виновници веднаш по натпреварот, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан добија отказ, пренесува германски Билд.