понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Големата турска ѕвезда полуде: Арда Туран го нападна судијата, па доби брутално висока казна (ВИДЕО)

Во лигашкиот дуел со Сиваспор минатиот викенд, Туран доби директен црвен картон, откако го бутна помошниот судија, незадоволен од неговата одлука во последните минути од мечот.
Големата турска ѕвезда полуде: Арда Туран го нападна судијата, па доби брутално висока казна (ВИДЕО)

Турскиот репрезентативец Арда Туран прилично долго нема да учествува во натпреварите на својот Башакшехир, каде дојде на позајмица од Барселона.

Во лигашкиот дуел со Сиваспор минатиот викенд, Туран доби директен црвен картон, откако го бутна помошниот судија, незадоволен од неговата одлука во последните минути од мечот.

Поради тој екцес тој доби рекордни 16 натпревари казна: Десет за напад на судијата, три за вреѓање и три за закана. Доби удар и по џебот, ќе мора да плати 9.000 долари.

Башакшехир водеше со 1:0, но на крајот натпреварот заврши 1:1, а тимот на теренот имаше 9 играчи. Тимот на Туран е во игра за својата прва титула, имаат три бода помалку од Галатасарај на две кола пред крајот на првенството.

Туран за турската репрезентација има 100 настапи, а настап на Светското првенство во Русија не успеаја да обезбедат. Беа четврти во групата од каде на Мундијалот патуваат Хрватска и Исланд.