Првиот голман на репрзентацијата на Бразил, Алисон, е еден од ретките чувари на мрежата кој немаше потреба да интервенира во првите два натпревари на Светското првенство во Катар.
Бразил во првите две кола играше против Србија и Швајцарија и во двата меча славеше со 2:0, односно 1:0, а дефанзивците на Кариоките одлично си ја завршија работата и не им дозволија на противниците да упатат ниту еден шут во рамките на голот на Алисон.
Бразил денеска ја совлада Швајцарија со 1:0 која упати вкупно четири шута, но ниту еден не заврши во рамките на голот.
Во првото коло во рамки на групата Г, Кариоките ја совладаа Србија и исто така му дозволија да противникот да упати само четири шута, додека тие упатија дури 24. Но, ниту еден од шутевите на српските фудбалери, исто така не заврши во рамките на голот на Алисон.