понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Артета ќе донесе резултат, потребно е време

Гвардиола: Артета ќе донесе резултат, потребно е време

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, оцени дека Арсенал би направил голема грешка, доколку го отпушти тренерот Микел Артета, јавија британските медиуми.

-(Арсенал) би направиле голема грешка, ако му дадат отказ. Меѓутоа, сигурен сум дека тоа нема да се случи и оти имаат доверба во него, изјави Гвардиола по триумфот на Манчестер сити над Арсенал од 4:1 во Лондон, во четвртфиналето на англискиот Лига куп.

Артета три и пол години му беше асистент на Гвардиола во Сити, а лани го презеде Арсенал и со клубот од Лондон го освои ФА купот. Сепак, сезонава Арсенал го има најлошиот старт во Премиерлигата во последните 39 години. Во последните седум премиерлигашки натпревари, Арсенал освои само два бода, и се наоѓа на 15 место со 14 бодови.

-Добро ги познавам квалитетите на Артета, и како тренер, и како личност. Ова го зборувам од личното искуство додека работевме заедно во Сити и заедно го создадовме еден од најуспешните клубови во англиската историја. Без него, тоа немаше да се случи. За да создадете нешто потребно ви е време, и јас го добив во првата сезона во Сити. Артета ќе донесе резултат, тоа е само прашање на време, изјави Гвардиола. (МИА)