Иако Јувентус пред неколку го откупи од Баерн Минхен за 40 милиони евра, италијанските медиуми тврдат дека во Торино за Даглас Коста пристигнала понуда вредна 100 милиони евра.
Спорт Медиасет објави информација и тврдат дека Пеп Гвардиола е одлучен фантастичниот Бразилец следната сезона да го види во синиот дрес.
Како и обично, пари нема да штеди. Понудата ќе биде 100 милиони евра, што веројатно ќе биде доста привлечна за торинскиот клуб, кој сигурно ќе размисли за продажба на фантастичниот Коста.
Минатата сезона Коста одигра одлично како позајмен играч од Баерн. Постигна шест голови и даде 14 асистенции, а најголем дел од нив во клучните моменти од натпреварите.