понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола фасциниран: Ваков играч не сум имал досега!

Гвардиола фасциниран: Ваков играч не сум имал досега!

Пеп Гвардиола беше задоволен од победата на Манчестер сити кај Лајпциг со 3-1, секако, но издвои индивидуални пофалби за еден од младите фудбалери на Сити, кој доби шанса – Рико Луис.

Станува збор за 18-годишно момче од школата на Сити, кое добиваше малку шанси да игра, главно од клупата, но синоќа во Германија беше стартер. Тој игра претежно како десен бек, во задната линија, но вчера Гвардиола го стави во улога на последен играч за врска и се фасцинира од него.

„Каков играч! Како играч! Има 18 години. Јас сум тренер 15 години, сум тренирал неверојатни фудбалери, но да најдам играч како него… како се движи простор… уоу. Тој е еден од најдобрите кои сум ги тренирал досега“, изјави Пеп.

Луис досега се појави само на три меча во Премиерлигата со вкупно 79 минути, а одигра 90 во Лига Купот, каде што Манчестер С. загуби од Њукасл со 1-0.