четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Фаворит за титулата е тимот во кој игра Меси

Гвардиола: Фаворит за титулата е тимот во кој игра Меси

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го посочи својот фаворит во Лигата на шампионите.

-Каде Меси игра?” Во Барса. Ете кој е фаворит во Лигата на шампионите, нагласи Гвардиола.

Шпанскиот фудбалски стручњак се осврна и на играта на неговиоот тим.

– Треба да бараме начин да го нападнеме непријателот кога се брани со 11 играчи, а нивниот централен напаѓач го следи нашиот играч од средниот ред. Сметам дека офанзивниот фудбал создава повеќе шанси. Верувам дека најдобриот начин на одбрана е да ја задржите топката подалеку од вашето поле.

Манчестер Сити под водство на Гвардиола е убедливо прв во Премиер лигата и има изборено пласман во осминафиналето од ЛШ каде ќе се сретне со Базел.