понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола го надмина Фергусон по победи во натпреварите од ЛШ

Гвардиола го надмина Фергусон по победи во натпреварите од ЛШ
епа

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го надмина легендарниот Алекс Фергусон по бројот на победи во натпреварите од Лигата на шампионите.

Синоќа Манчестер сити го совлада Лајпциг (3:1) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

По овој меч, Пеп Гвардиола, кој претходно работеше со Барселона и Баерн, стигна до 103 победи во натпреварите од Лигата на шампионите, надминувајќи го Алекс Фергусон (102 победи на 190 натпревари). На Гвардиола му беа потребни 161 натпревар за да ја достигне оваа граница.

Лидер по бројот на победи во Лигата на шампионите е тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти – 109 (на 193 натпревари).

Во топ 5 се и Арсен Венгер (82 на 178 меча) и Жозе Мурињо (77 на 145 меча).