вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Гвардиола: Го почитувам Клоп. но…..

Гвардиола: Го почитувам Клоп. но…..

Манчестер Сити ја задржа минималната предност во однос на Ливерпул, а Пеп Гвардиола знае дека последните седум кола ќе бидат како финалиња за неговата екипа.

– Натпреварот беше добра реклама за Премиер лигата. Двете екипи се обидоа да победат, Ливерпул е уживање за гледање, мислам дека ние се спротивставивме добро и горд сум на тимот. Што се однесува до Клоп, имам големо почитување за него. Ние не сме пријатели, не се гледаме, јас го имам неговиот број, но не му се јавувам. Имам голем респект кон него, но следната сабота повторно ќе се обидам да го победам, – изјавил Гвардиола алудирајќи на ФА куп полуфиналето на „Вембли“ во кое повторно ќе се сретнат истите ривали.